Играч на Лајпциг славеше со факел, па доби казна

Играчот од средниот ред на Лајпциг, Доминик Собослаи е казнет со парична глоба од 30.000 евра поради користење на пиротехника за време на освојувањето на Купот на Германија во финалето против Ајнтрахт Франкфурт, соопшти Дисциплинската комисија на германскиот фудбалски сојуз.

Унгарецот после победата замина кај навивачите и со факел ја прослави победата на својот тим на Олимпискиот стадион во Берлин.

Два дена подоцна комисијата на германскиот сојуз почна постапка против играчот, и одлучи да биде казнет со парична казна. Од Лајпциг објавија дека покрај оваа казна, ќе биде казнет и од клубот.

Се вчитува...