ИГРАЧ НА МЕЧОТ: Борко Ристовски со 45% успешност во одбраните!

ЕКИПА во Минхен,

Стеван Цаневски

Борко Ристовски е без сомнение играчот кој ја поведе македонската ракометна репрезентација до првата победа на Светското првенство 2019 во Германија и во Данска.

Во триумфот против Јапонија од 38-29, „министерот за одбрана“ имаше одлична партија забележувајќи 19 одбрани, согласно официјалната статистика, од 42 шута на Јапонците кон голот на Македонија, или 45% успешност во одбраните, што го издвојува како играч на мечот во изборот на ЕКИПА.

Од досега одиграните четири натпревари на Мундијалот, Борко Ристовски е и со најголем број одбрани меѓу чуварите на мрежата (19 одбрани), а на делба на третото место според процентуалната успешност. На врвот на таа листа е Данецот Никлас Ландин кој имаше 71% успешни одбрани на вчерашниот меч против Чиле.

Се вчитува...