Играчите на Ливерпул едногласни: Не сакаме Суперлига

Управата на Ливерпул се уште молчи и не реагира по најавите за повлекување на Челси и Манчестер Сити од Суперлигата. Клубот од „Енфилд“ со своите американски газди важи за еден од иницијаторите на проектот, засега нема најава за повлекување од истиот, но затоа својот став го искажаа фудбалерите.

Јирген Клоп вчера јавно говореше против Суперлигата, а денеска порака против ова натпреварување искажаа сите фудбалери, преку своите профили на социјалните мрежи.

„Не ни се допаѓа и не сакаме тоа воопшто да се случи. Ова е нашиот колективен став. Нашата посветеност кон фудбалскиот клуб и кон навивачите е апсолутна и безусловна“, објави прв капитенот Џордан Хендерсон, по што пораката беше пренесена и од сите останати играчи на Ливерпул, преку нивните профили на социјалните мрежи.

Се вчитува...