Играчите на Реал Мадрид „работат од дома“

Фудбалерите на Реал Мадрид мораа да се повлечат во самоизолација откако беше констатирано дека играч на кошарската секција на клубот е заболен од коронавирус. Но, затоа „работат од дома“.

Секој играч поединечно добил план за тренинзи, а носат и елеци преку кои тренерите добиваат информации. Фудбалерите мора да се придржуваат и на индивидуалните планови за исхрана.

Шпанските медиуми јавуваат дека тренинг центарот на Реал Мадрид изгледа како „град на духови“. Двата тима на Реал мора да бидат во карантин, покрај кошаркарскиот и фудбалскиот, затоа што користат заеднички базен, теретана, ресторан. Карантинот треба да трае 15 дена. Познато е дека Карвахал и Начо биле теситрани, имаат грип, но не коронавирус.

 

 

 

View this post on Instagram

 

? Work out & Smile ?

A post shared by Sergio Ramos (@sergioramos) on

 

 

Се вчитува...