Играчот на Ајакс ги смени менаџерите и порача: Се надевам на трансфер во Барселона

Фудбалерот на Ајакс, Никлас Таљафико се надева дека во летниот преоден рок ќе се реализира трансферот, и дека тој ќе заигра во тимот на Барселона. Левиот бек има голема желба да заврши на „Ноу Камп“, а признава дека во јануари било блиску тоа да се случи.

„Во јануари беше комплицирано да заминам во Барселона. Се надевам дека сега во јуни ќе биде полесно и ќе одам во Барселона“, рече Таљиафико.

Тој поради пропаднатиот трансфер ги смени менаџерите, и се надева дека на лето ќе биде дел од Барселона.

Покрај него, од овој тим се очекува во Барса да замине и десниот бек, Мазрауи.

Се вчитува...