Играше за Германија, ја смени репрезентацијата, а потоа следуваше шок

Играчот од средниот ред на Штутгарт, Махмуд Дахуд, во иднина ќе настапува за селекцијата на Сирија. На ваков потег овој екс фудбалер на Борусија Менхенгладбах, Борусија Дортмунд и на Брајтон се одлучи откако во последните години не добиваше повик за националниот тим на Германија.

Дахуд пред четири години играше два натпревари за Германија, а настапуваше и за младинските селекции на „Елфот“. Тој е роден во Сирија, но после само неколку месеци се сели во Германија со неговото семејство.

Дахуд доби повик за селекцијата на Сирија во квлаификацискиот меч со Мјанмар. Меѓутоа само неколку часа пред мечот, Сирија го ослободи Дахуд. Самиот фудбалер се огласи со соопштение.

„Како професионалец мислам дека секој играч мора да го даде најдоброто од себе за својата земја. И за да го направи ова, треба да биде ставен во најдобрите можни услови и принципи кои се познаваат, почитуваат и исполнат. Кога чувствувате дека овие принципи не се усогласени, и дека ветувањата не се исполнети, треба да се повлечете. Ако не ви е дозволено да бидете решение на проблемот, не треба да бидете дел од него. Со најголемата почит што ја имам за мојата земја, нема да ја коментирам изјавата на ФА на Сирија и поврзаните наводни обвинувања на денот на натпреварот. И посакувам се најдобро на репрзентацијата“, напиша Дахуд.

Се вчитува...