Играше заедно со Меси, Чави и Иниеста, а сега заврши во Џибути

Фудбалската кариера на Алекс Сонг е за заборав. Камерунецот со фудбал започна во француска Бастија по што следеше трансфер во Арсенал, а потоа и во Барселона, но за некогаш големиот талент приказната може да заврши и тука.

Летото 2012 година, Сонг попиша пет годишен договор со Барселона, трансфер вреден 15 милиони евра, го имаше и дебито од соништата, против Реал Мадрид во Суперкупот на Шпанија. За каталонскиот клуб настапи на вкупно 39 натпревари, притоа постигна и еден гол, играше рамо до рамо со Меси, Чави и Иниеста, но никогаш не го исполни својот вистински потенцијал.

Во 2014 година беше испратен на позајмица во Вест Хем каде домина две сезони, потоа заигра за Рубин Казан, две години го носеше и дресот на Сион, каде што беше отпиштен поради одбивање на намалување на платата поради коронавирусот, а сега потпиша за Арта/Солар7 во Првата лига на Џибути, афричка држава која што на ФИФА ранг листата е на 185 место.

Се вчитува...