Игуаин: Го барав Де Лаурентис, сигурно се криеше

Гонзало Игуаин важи за „предавник“ на Наполи по заминувањето во Јувентус, но тоа е само мотив повеќе за Аргентинецот кој на петте средби против својот поранешен клуб постигна пет погодоци. Оваа серија продолжи и на синоќешниот дуел во Неапол на кој токму „Пипита“ го постигна голот за триумф на Јувентус, а аргентинскиот ас не ја пропушти можноста да го продолжи конфликтот со првиот човек на Наполи, Аурелио де Лаурентис.

Постојат луѓе кои секогаш се со тебе, а постојат и такви кои едвај чекаат да згрешиш за да ти се ситат. Затоа славев онака како што славев по голот, се обидував да го најдам Де Лаурентис. Не го видов, сигурно се криеше“ – истакна Игуаин.

Тој беше исвиркуван од страна на навивачите на Наполи уште од самото загревање, но голгетерот не сака да влегува во конфликт со оние кои до пред две години му даваа безрезервна поддршка.

Колку и да ми свират и да ме навредуваат кога и да дојдам овде, тоа нема да ги смени моите спомени за трите прекрасни години минати во Неапол со овие верни фанови“ – порача Гонзало Игуаин.

Се вчитува...