Игуаин го покори „Сан Сиро“, Монтела може да се пакува

Италијанскиот првак Јувентус успеа да слави на гостувањето на „Сан Сиро“, добивајќи го лесно дербито против Милан со 0-2. Гонзало Игуаин им пресуди на „росонерите“, постигнувајќи ги двата гола на овој меч. Со нив стигна и до 100 погодоци во Серија А, израмнувајќи се со Златан Ибрахимовиќ, како напаѓачи кои имаат постигнато најмалку по сто гола во две од петте најдобри европски фудбалски лиги.

Тоа најверојатно ќе биде и крај за тренерот Винченцо Монтела на клупата на Милан, со оглед на петте порази во првите 11 кола во италијанскиот шампионат.

Гонзало Игуаин во 23.минута го отвори резултатот на овој меч, а Милан Калиниќ имаше убава шанса за израмнување, но ја погоди гредата од голот на Џанлуиџи Буфон. По ова, Игуаин во 63.минута постигна и втор гол за „старата дама“ решавајќи ги сите дилеми околу победникот. Сега Јувентус има 28 бода, идентично како и лидерот Наполи, кој утре на домашен терен го пречекува Сасуоло.

Се вчитува...