Игуаин: Јувентус буквално ме избрка, среќен сум што сега играм за Гатузо

Гонзало Игуаин летово направи нов мегатрансфер од Јувентус во Милан, за кој аргентинскиот ас тврди дека e исфорсиран од страна на управата на „старата дама“.

„Кога Роналдо дојде, од Јувентус ми рекоа дека морам да си заминам. Бев избркан од Јуве, буквално, тоа го знаат сите. Заминувањето од Торино не беше моја одлука бидејќи кога дојдов во овој клуб не планирав да си заминам по само две сезони“ – истакна Игуаин.

Тој верува дека го направил вистинскиот избор кога решил да остане во Италија и да го облече дресот на Милан.

„За мене Милан беше најдобра опција и се уште верувам дека го направив вистинскиот избор. Среќен сум што играм за Џенаро Гатузо, тренер со огромна страст за овој спорт, кога ќе ве погледне во очи веднаш ви станува јасно колку тој го сака фудбалот“ – вели „деветката“ на „росонерите“.

На прашањето кој е најдобриот тренер со кого има работено во кариерата, за Гонзало нема никакви дилеми.

„Маурицио Сари е убедливо најдобар стратег, некој што знае како да го извлече максимумот од секој фудбалер. Што се однесува до претседателот Де Лаурентис, сите имаат проблеми со него во одреден дел од престојот во Неапол“ – вели Гонзало Игуаин.

Се вчитува...