Игуаин на свирежите во Мадрид одговори со гол по само четири минути во дресот на Милан

Гонзало Игуаин, кој неодамна потпиша за Милан, веќе стигна да го запише својот првенец во новиот дрес.

Милан вечерва против Реал Мадрид ја игра „генералката“ пред новата сезона. На полувремето е 2-1 за „кралскиот клуб“.

Карим Бензема уште во 2. минута донесе водство за Реал. Игуаин, кој беше пречекан со серија свирежи во Мадрид, одговори со гол веќе во 4. минута против поранешниот свој клуб….

Но, Бејл со гол во 45. минута донесе предност од 2-1 за Реал пред полувремето.

Се вчитува...