Игуаин: Не е важно кој ќе даде гол, само Јуве да ја освои ЛШ

Јувентус веќе освои двојна круна на италијанската фудбалска сцена, но играчите на „старата дама“ сакаат да испишат историја и да станат само вториот италијански клуб (по Интер) што во една сезона на доминација на домашната сцена додал и титула во Лигата на шампионите. Предизвикот е огромен, Јуве против себе ќе го има актуелниот европски првак Реал Мадрид, а Гонзало Игуаин е еден од ретките кои пред Јуве го носел дресот на најтрофејниот европски клуб.

На Аргентинецот тоа ќе му послужи како мотивација за да го земе скалпот на својот поранешен клуб, воедно и да стигне до својата прва титула европски првак.

Јувентус повеќе од дваесет години го чека овој пехар, време е да го донесеме во Торино. Сите сме фокусирани на само една работа – победа над Реал и испишување на историја. Седум години бев во Реал и можам да кажам дека „кралевите“ се навикнати на вакви натпревари. Гол во финалето? Тоа е најмалку важно, јас дојдов овде за да победувам и да освојувам пехари, не е важно кој ќе ги постигне головите. Имаме два трофеи во рацеете, се надевам дека в сабота ќе се закитиме и со третиот“ – изјави Игуаин.

Се вчитува...