Игуаин: Се што имав да кажам – кажав на теренот!

Јувентус синоќа во големото дерби го совлада Наполи на „Сан Паоло“ со 0-1, а стрелец на единствениот гол беше Гонзало Игуаин. Играше недоволно опоравен, со заштита за скршената рака, но и во таква состојба го реши победникот.

Аргентинецот во минатото беше миленик на „наполитанците“, но синоќа им зададе непријатен удар на фановите на Наполи.

По натпреварот популарниот Пипита одби да даде интервју за „Скај Спорт Италија“, а за тоа имаше и објаснување.

„Се што имав да кажам – кажав на теренот. Нема потреба од повеќе зборови“, истакнал Игуаин.

Се вчитува...