Игуаин се враќа во Премиер – лигата?

Аргентинскиот интернационалец Гонзало Игуаин е на излезна врата од италијанскиот првак Јувентус, а би можел ова лето да се врати во Премиер – лигата. За него е заинтересиран Вулверхемптон, кој го сака како замена за Раул Хименез. За 32-годишниот напаѓач се интересира и Фиорентина, но, сепак, предизвикот за враќање во Премиер – лигата би можел да биде пресуден.

Ако одлучи да потпише за Вулверхемптон, тоа ќе значи и враќање на Гонзало Игуаин на Островот, каде во 2019 година го носеше дресот на Челси. Тој на 19 настапи во дресот на лондонските „сини“ постигна пет гола, во периодот кога на клупата на „Стемфорд бриџ“ беше Маурицио Сари.

Игуаин има опции и да се врати во родната Аргентина или пак да замине на печалба во МЛС – лигата на САД.

Се вчитува...