Игуаин: Сите сакаа да ме видат во Милан, а во Челси само Сари…

Со самото доаѓање на Кристијано Роналдо во Јувентус беше јасно дека Гонзало Игуаин ќе треба да си бара нов клуб. Сепак, трансферот во Милан е изненадување ако се знае дека Челси петаесетина дена притискаше за ангажманот на овој фудбалер, за на крајот да се повлече од преговорите.

„Точно е дека Челси беше опција, но проблемот беше што во клубот ме сакаше само тренерот Сари и никој друг. Во Милан ме сакаа буквално сите, од управа, преку тренер до соиграчи, па затоа и изборот не беше тежок. Ова е голем клуб со богата историја, клуб што секогаш настојувал да игра добар фудбал, тренинг-кампот Миланело е навистина фантастичен“ – изјави Игуаин.

Тој не очекува да има проблеми со адаптацијата бидејќи се познава со дел од новите соиграчи.

„Со Пепе Реина бевме заедно во Наполи, со Билја десет години играм во националниот тим и имам многу високо мислење за него. Време за адаптација нема да ми треба, едвај чекам да почнам со натпревари“ – порача новиот голгетер на Милан.

Се вчитува...