Игуаин со деби голови, блесна и Азар, голеада на Челси

Челси кажа стоп на поразите и оствари убедлив триумф (5-0) на домашен терен против Хадерсфилд. Гонзало Игуаин ги постигна првите два гола за тимот од „Стемфорд бриџ“, и Еден Азар дополни уште два, а серијата голови ја затвори Давид Луиз.

Кристал Палас го совлада Фулам со 2-0. Миливојевиќ од пенал и Шлуп беа стрелци на головите за домашниот тим. Вулверхемптон славеше на гости против Евертон со 1-3.

Резултати Англија: Брајтон – Вотфорд 0-0, Барнли – Саутемптон 1-1, Челси – Хадерсфилд 5-0, Кристал Палас – Фулам 2-0, Евертон – Вулверхемптон 1-3.

Се вчитува...