Игуаин заврши со Јувентус!

Гонзало Игуаин и дефинитивно ова лето го напушта Јувентус, пренесува „Газета дело спорт“.

Двете страни постигнале договор за разделба. Согласно договорот Игуаин ќе ја прифати првата понуда со која ќе биде задоволен наредниот период. Јувентус, пак, очекува заработка како би инвестирал во нови засилувања.

Игуаин е еден од најплатените фудбалери на „Старата дама“ со заработка од 7,5 милиони евра по сезона. Аргентинскиот напаѓач веќе има неколку понуди од МЛС лигата, од ЛА Галакси и Ди-Си јунајтед, но постои можност да се врати и во Ривер Плата.

Аргентинецот за Јувентус одигра 138 натпревари, постигнувајќи и 63 гола.

Се вчитува...