ИХФ со смешна казна за Хрватска по СП 2019

Повеќе од еден месец траеше дисциплинската постапка на ИХФ против Хрватската Ракометна Федерација за инцидентите и коментарите на „коцкестите“ по мундијалскиот натпревар против Германија. Со оглед на фактот дека хрватските ракометари беа жртви на судиска неправда, ИХФ покажа милост кон нив, казнувајќи ги со смешна сума од 500 швајцарски франци.

Хрватите беа огорчени од грабежот на данските арбитри Хансен и Гјединг, вербално напаѓајќи ги, а потоа и жестоко критикувајќи ги во медиумите. „Коцкестите“ предводени од „вардарецот“ Игор Карачиќ не можеа да се помират со неправдата, но се што добија е милост при изрекувањето на казната при дисциплинската постапка против нив.

Сега од ваквата казна незадоволна е данската ракометна јавност, која застана во одбрана на судискиот интегритет.

„ИХФ очигледно се обидува да изгледа како смешна организација… бидејќи тоа им успева беспрекорно. По ваква казна, како ќе убедите други ракометари и тренери да не се однесуваат на тој начин кон судиите, да не шират говор на омраза против нив“ – коментираат данските ракометни аналитичари.

Се вчитува...