ИХФ со убава акција: Играчот на мечот ќе донира спортска опрема

Светската ракометна федерација донесе одлука со која е променета е досегашната пракса, играчот на натпреварот да добива симболичен подарок. На актуелниот ракаометен мундијал во Германија и Данска, ракометарите кои го добиваат признанието имаат можност да донираат спортска опрема во младинските категории во клуб кој е со лоша финансиска состојба.

„Верувам дека ракометот е најубавата игра на светот  и драго ни е што ќе можеме да им овозможиме на деца кои немале многу среќа да се натпреваруваат во нова опрема. Ракометарите со задоволство ја пречекаа идејата“ – изјави претседателот на ИХФ при промоцијата на иницијативата.

Долгогодишна пракса е на големите светски ракоемтни осбири да биде прогласуван играч на натпреварот. Годинава хуманата идеја се реализира во соработка со Хумел.

Се вчитува...