Икарди: Ако ме побара Реал, ќе го оставам телефонот да ѕвони

Мауро Икарди го продолжи своето голгетерско шоу сезонава со нови два погодоци на гостувањето против Калјари, носејќи му нови три бода на Интер. Аргентинецот минатото лето беше поврзуван со Арсенал и со Челси, сега веќе се споменува големиот Реалл Мадрид, но Икарди е дециден на оваа тема, уште еднаш потенцирајќи ја лојалноста кон „нероаѕурите“.

Ако ме побара Реал Мадрид, ќе го оставам телефонот да ѕвони. Толку е едноставно, знаете кој е мојот став, немам што повеќе да додадам. Имам долг договор со Интер и тоа е единстеното нешто што е валидно“ – изјави Икарди.

Тренерот Лучијано Спалети има само пофални зборови за аргентинскиот голгетер.

„Секој ден имам можност да работам со него и очигледно е колку сака да биде дел од овој тим, каков прекрасен однос има со соиграчите. Одлично се адаптираше на животот во Милано, навивачите го сакаат, а тој инсистира да остане тука. Побара и да потпише нов договор, тоа е и наша желба, така што очекувам Икарди уште долго да го носи дресот на Интер“ – истакна Спалети.

Се вчитува...