Икарди преку ПСЖ ќе заврши во Јувентус

Мауро Икарди би можел претстојново лето да заврши во Јувентус. Тој во моментов е на позајмица во Пари Сен Жермен кој би можел да го откупи од Интер за 70 милиони евра. Иако има добро сезона, наводно не бил задоволен од позицијата поради тоа што е трета опција по Килијан Мбапе и по Нејмар кај тренерот Томас Тухел и сака да се врати во Серија А.

Италијанските медиуми тврдат дека Икарди би можел да го напушти Париз и да оди во Јувентус. Затоа што Интер никогаш не би му продал играч на големиот ривал од Серија А, Јувентус преку заобиколен пат ќе го купи Аргентинецот. Ќе испрати понуда дури откако ПСЖ ќе го откупи. Наводно Јувентус веќе контактирал со францускиот гигант.

 

 

Се вчитува...