Икарди во епизодата „Нели не ви требав“ (ФОТО)

Аргентина игра катастрофално и многу лесно може да испадне уште во групната фаза од мундијалот, а главната вина дефинитивно се бара кај селекторот Сампаоли, кој најпрвин направи очаен избор при списокот на играчи за СП, за сега уште поочајно да ги комбинира за време на мундијалските натпревари.

Неслучајно, на социјалните мрежи се појави и фотографија од Мауро Икарди како ужива на егзотична плажа, како потсетување за извонредниот голгетер на Интер кој ја имаше најдобрата сезона во кариерата, но не се најде меѓу патниците за Русија.

Прашање е дали со ваква катастрофална игра во средниот ред Икарди во нападот ќе можеше да направи разлика, но јасно е дека заслужи да игра на ова СП. Ако ништо друго, утеха му е што не мора во живо да ги гледа овие бламажи на Аргентинците.

Се вчитува...