Иличиќ донесе одлука – И понатаму ќе игра фудбал

Јосип Иличиќ поради психички проблеми не настапи за Аталанта во четвртфиналето од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен. Откако одмори фудбалерот се врати во Италија и покрај сите натписи околу крајот на кариерата, подготвен е да му се врати на фудбалот.

Аталанта му даде време и нема да го форсира неговото враќање, а секако и самиот тој се уште не е физички подготвен за да може да одговори на барањата на тренерот на тимот од Бергамо, Џанпјеро Гасперини.

Се очекува дека ќе Иличиќ ќе биде подготвен да се врати во тимот дури во ноември. Иличиќ минатата сезона забележа 34 настапи за Аталанта во сите натпреварувања на кои постигна 21 гол.

Се вчитува...