Иличиќ е блиску до потпис со Милан!

Јосип Иличиќ е на добар пат да стане најново засилување на Милан откако Паоло Малдини ги интенивираше преговорите со Аталанта за да го донесе словенечкиот репрезентативец на „Сан Сиро“.

Иличиќ не беше најстандарден кај Гасперини минатата сезона, дел од новинарите пишуваа и за конфликт меѓу тренерот и Словенецот, кој токму поради тоа се наоѓа на излезна врата од Бергамо, како што беше случај и со заминувањето на Папу Гомез во Севилја.

Аталанта бара 10 милиони евра за 33-годишниот ветеран, но Милан планира да ја намали оваа сума користејќи го процентот што „росонерите“ го поседуваат од следниот трансфер на Матео Песина. „Росонерите“ го продадоа Песина на Аталанта за 1,8 милиони евра во 2017 година, но во тој договор има клаузула со која Милан ќе заработи и 50% од следниот трансфер на италијанскиот репрезентативец.

Паоло Малдини планира да ја искористи оваа клаузула за да го доведе Иличиќ, како уште едно искусно засилување за нападот на „росонерите“, каде летово пристигна Оливие Жиру од Челси.

Се вчитува...