Иличиќ има големо срце: Омилениот „сувенир“ го подари на болницата во Бергамо

Фудбалерите на Аталанта веднаш по големата победа во Валенсија пласманот во четвртфиналето од ЛШ го посветија на градот Бергамо, кој беше меѓу најпогодените од коронавирусот.

Чекор понапред отиде Јосип Иличиќ, фудбалерот кој постигна четири погодоци на „Месталја“, по што ја зеде со себе топката со која се играше на крајот од тој реванш-дуел. Сепак, Словенецот ја покажа својата хумана страна, па наместо топката како сувенир да седи во витрина во неговиот тим, истата ја донираше во детската болница во Бергамо.

„Сметам дека таа топка ќе донесе многу поголема радост на оние на кој им е најпотребна“, кратко прокоментира Иличиќ.

Се вчитува...