Илиевски: Задоволен сум од ждрепката, ќе мора да бидеме најдобри што знаеме за добар пласман

Македонската репрезентација до 21 години денеска во Нион ги дозна противниците во квалификациската групата за пласман на ЕП во Унгарија и Словенија 2021 година. Нашата селекција е во Групата 6 со репрезентациите на Шпанија, Израел, Црна Гора, Казакхстан и Фарски Острови.

„Задоволен сум од групата во која се најдовме за пласман на Европското првенство, но истовремено и многу внимателен. Противниците, со исклучок на Шпанија, не се атрактивни, но секако имаат квалитет и ќе ја бараат својата шанса за добар пласман. Шпанија е апсолутен фаворит, со сите други ќе се надигруваме. Треба да бидеме во најдобро наше издание доколку сакаме борба за добар пласман, а тоа секако ќе биде наша цел“ – вели селекторот на Македонија до 21 година, Добринко Илиевски.

Распоредот на натпреварите на Македонија до 21 година од квалификациите за ЕП:

10. септември 2019: Македонија – Фарски Острови

10. октомври 2019: Црна Гора – Македонија

15. октомври 2019: Македонија – Казахстан

14. ноември 2019: Шпанија – Македонија

19. ноември 2019: Фарски острови – Македонија

26. март 2020: Македонија – Израел

31. март 2020: Израел – Македонија

08. септември 2020: Македонија – Шпанија

08. октомври 2020: Казакхстан – Македонија

13. октомври 2020: Македонија – Црна Гора

Се вчитува...