Илијоски: Полесно се дише, сега повторно размислуваме и за Европа

Работнички по пет кола конечно го почувствува вкусот на победата, совладувајчи ја Македонија ЃП со 2-0. „Романтичарите“ реагираа најдобро кога беше најпотребно и сега повторно размислуваат за четвртото место кое можеби ќе донесе и излез во Европа.

Капитенот Баже Илијоски вели дека Работнички секогаш е на висина на задачата кога е најпотребно.

„Полесно се дише. По подолга пауза остваривме победа, многу значајна за Работнички и позицијата на табелата. Речиси ги разрешивме дилемите околу опстанокот, а пред последните две кола сега повторно размислуваме и за тоа четврто место, кое можеби ќе води и во Лигата на УЕФА. Доколку успееме да славиме и на двата последни меча можеби ќе испадне и одлично за Работнички“, вели капитенот Баже Илијоски.

Работнички по 34 кола се наоѓа на шестата позиција на табелата со 43 бода, а во следното коло ќе и гостува на Беласица во Струмица.

Се вчитува...