Илијоски со гол ги почна настапите за Шкупи… (видео)

Баже Илијоски веднаш со погодок ги почна настапите во дресот на својот нов клуб, Шкупи.

На стартот од подготовките за пролетниот дел од шампионатот, првиот тим на Шкупи одигра тест дуел против младинскиот тим на клубот притоа победувајќи со убедливи 8-0.

Седум од погодоците беа постигнати во првото полувреме, и тоа четири Јашаровски, како и Ермедин Адем, Стојкоски и Таипи, а Илијоски го постигна единствениот гол во вториот дел.

Следниот пријателски натпревар на Шкупи ќе биде во четврток против косовскиот прволигаш Дрита од Гњилане.

Се вчитува...