Им донесе Скудето, а навивачите му го украдоа автомобилот: Сега му вратија дел… (ВИДЕО)

Лучијано Спалети го водеше Наполи само две сезони, и за тоа кратко време запиша историски успех. Наполи по цели 33 години дојде до Скудетото, првпат по 1990 година и ерата на Марадона. А покрај тоа го однесе наполитанците за првпат во историјата и до четвртфиналето во лигата на шампионите.

Сето тоа го прави херој на Неапол, и покрај тоа што веднаш по прославата на титулата објави дека заминува од клубот, како една година би се одморил од фудбалот.

Но, Спалети не беше секогаш омилен меѓу наполитанците. Есента 2021 година само неколку месеци откако го презеде клубот, навивачите на Наполи му го украдоа автомобилот. Неговиот омилен автомобил, Фиат Панда, ветија дека ќе му го вратат кога ќе си замине од клубот.

„Спалети, ќе ти ја вратиме Пандата кога ќе си одиш од клубот“ – му порачаа тогаш со голем транспарент, цврсто одлучни да си замине од клубот.

И, навистина сега ултрасите на Наполи си го одржаа зборот. Или барем делумно. Се појавија на последната прес-конференција на Спалети како тренер на Наполи со истиот тој транспарент. Го носеа маскирани навивачи, и дел преправени како доставувачи со голем пакет адресиран до Спалети. Тој запрепастено ја отвори кутија и брзна во смеа кога виде што има во неа: волан од Пандата како и две цд-иња кој ги имал во автомобилот кога му го украдоа.

Спалети одлично расположен потпиша и признаница дека автомобилот му е вратен!

Се вчитува...