„Им се смеевме во „фаца“ на Клиперс кога испаднаа од Денвер“

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Џеред Дадли вели дека тој и неговите соиграчи се смееле како никогаш во животот кога градскиот ривал ЛА Клиперс прокоцка предност од 3-1 во полуфиналната серија во Западната конкуренција против Денвер Нагетс.

„Се смеевме до ниво до кое не можев да поверувам. Искрено сите сакавме да играме против нив. Сакавме да ги победиме Клиперс. Тие не сакаа нас… Пол Џорџ велеше дека е најдобар. Тој и Кавај се непобедливи“, изјави Дадли. 

За потсетување ЛА Клиперс беше елиминиран од Денвер Нагетс со 4-3, а ЛА Лејкерс на крајот стигнаа до рекордната 17. титула во НБА лигата со што се израмнија на вечната листа со големиот ривал Бостон Селтикс.

Се вчитува...