„Има еден кучкин син во Далас…“

Не му требаше долго на Лука Дончиќ да стане омилена личност во НБА лигата. Словенечкото „чудо од дете“ веќе е лидер на Далас, а е се блиску и до освојување на наградата за најдобар играч на сезоната во најсилното кошаркарско натпреварување.

21-годишниот бек претходната сезона беше претендент за освојување на ова признание, Словенецот беше блиску до просек од трипл-дабл, а експертите во Америка му предвидуваат блескава иднина. Имено, скаут од Источната конференција имаше интересен одговор на прашањето кој е неговиот избор за истото.

„Доколку ми ставите пиштол на главата и морам да освојам плејоф серија би реков Леброн Џејмс. Но, слушајте ми го зборот, има еден кучкин син во Далас кој ќе освои неколку МВП награди“.

Се вчитува...