Маурицио Покетино не може да крене глава од проблеми со повредите низ целата сезона, но врвот беше достигнат на последниот меч со Манчестер сити, на кој стратегот на Тотенхем остана без двајца клучни фудбалери.
За Хари Кејн оваа сезона речиси сигурно е завршена, а последните информации од „островот“ говорат дека пауза од терените го очекува и Деле Али. Англискиот репрезентативец заработил скршеница на раката, по што врз него во текот на вчерашниот ден биле извршени детални лекарски прегледи.
Јасно е дека ќе мора да следи пауза, но во Тотенхем се убедени дека ќе најдат начин тој да може да настапува и со ваква повреда. Таунсенд од Кристал Палас настапува со слична повреда носејќи специјална заштита на раката, па „спарси“ ќе се обидат што поскоро да средат слична солуција и за Деле Али. Останува да се види дали тоа ќе биде доволно брзо за одличниот играч за врска да настапи на реваншот од ЛШ против Манчестер Сити, а потоа и премиерлигашкиот дуел со истиот ривал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА