Имаме ли нова финта „а ла лажен цепелин“ – за Романците?

Македонската ракометна репрезентација ќе го одигра првиот натпревар од баражот на 10 јуни во Скопје со почеток од 20.30 часот, додека реваншот против Романија е на 13 јуни во Клуж со почеток од 17.30 часот. Селекторот Раул Гонзалес го објави списокот на ракометари што ќе настапат на бараж средбите против Романија за пласман на мундијалот во Германија и Данска на почетокот на следната година.

Македонската публика се надева на многу спектакуларни голови, a можеби и по некој нов интересен момент како „лажниот цепелин“ на Столе Стоилов од Европското првенство, кој веќе доби статус на “култен”.

Се вчитува...