„Имаше пенал за Каменица Саса, но судијата лошо го менаџираше натпреварот“

Фудбалерите на Пехчево ремизираа (2-2) на гостувањето против Каменица Саса во 22. коло од Втората лига – Исток, но останаа без триумф , како што велат од таборот на пехчевци, само поради тенденциозното судење на делителите на правдата на сметка на Пехчево.

Посебно беа незадоволни, по крајно неоправдано досудениот пенал од кој Каменица Саса во второто полувреме се спаси од пораз, и покрај тоа што претходно беше досуден гол-аут за Пехчево.

Од судиската комисија на ФФМ пренесуваат дека исправна била проценката да се досуди пенал за Каменица Саса, но дека судијата лошо го менаџирал натпреварот.

Дополнување на судиска анализа од 22. коло 2. МФЛ – ИСТОК

„На натпреварот ФК Каменица Саса – ФК Кит Го одигран на 09.04.2022 година анализирана е ситуацијата од 50. минута.

Главен судија: Дени Лековски; Помошни судии: Петар Степановски и Николче Дрнковски;

50. минута: Исправна проценка на судијата (досуден удар од 11 метри). По една центрирана топка од играч на Саса странично од голот на Кит Го топката го удира во рака одбранбениот играч на Кит Го кој се наога во свој шеснаесетник, раката во моментот на удар беше одвоена од тело и со зголемен волумен, преземајќи го целиот ризик. Досудениот пенал е по консултација со првиот помошен судија, кој има одлична позиција да ја донесе правилната одлука. Исправно досуден удар од 11 метри.

Меѓутоа, судиската комисија не е задоволна од менаџирањето на судијата на овој меч, бидејки има пропуштено неколку дисциплински мерки“, стои во соопштението од Судиската комисија на ФФМ. 

Се вчитува...