„Имав корона, се чувствував како да ме прегазил камион“

Ѕвездата на Сакраменто Кингс, Диерон Фокс изјави дека неговото искуство со коронавирусот било многу лошо. Во периодот кога бил заразен од смртоносниот вирус, тој вели дека се чувствувал многу лошо, испраќајќи порака дека вакцинацијата е единствен начин за победа над болеста.

„Додека имав ковид-19 се чувствував како да ме прегазил камион. Тука беше и главоболката, болка во коски, дехидрација… Секој треба да се вакцинира и што побрзо да се спасиме од ова зло“, изјави Фокс. 

Де Арон Фокс беше позитивен на тестирањето извршено на 21. април и оттогаш не е дел од тимот на „кралевите“.

Се вчитува...