„Името на Јокиќ е веќе изгравирано на МВП трофејот“

Заврши регуларниот дел од сезоната во НБА лигата во која како прв фаворит за освојување на трофејот за најкорисен играч се издвојува името на Никола Јокиќ.

Новинарите на престижниот „Си-би-ес“ направија резиме на изминатата сезона и едногласно заклучија дека МВП е Никола Јокиќ.

„Леброн Џејмс изјави дека според него Стеф Кари е најкорисен кошаркар сезонава. Сепак, тоа нема да биде така бидејќи на трофејот ќе биде изгравирано името на Никола Јокиќ“, пишува „Си-би-ес“. 

 

Се вчитува...