Имобиле: Останувам во Лацио до крајот на кариерата

Чиро Имобиле имаше фантастична сезона постигнувајќи 36 гола за Лацио, по што името на италијанскиот голгетер почна да се поврзува со заминување од „Олимпико“. Сепак, Имобиле останува лојален на „лацијалите“, откако јасно стави до знаење дека не планира да ги менува клупските бои до завршувањето на кариерата.

„Преговараме за нов договор, тој ќе истекува во 2025 година, кога ќе имам 35 години. Не гледам зошто би менувал нешто, моја желба е да останам овде до крајот на мојата кариера“, истакна Имобиле.

Воедно, тој ги потврди шпекулациите дека Њукасл во изминатиот период покажал сериозен интерес да го доведе во своите редови.

„Постоеја најави дека богати шеици ќе го купат Њукасл и почнаа преговори со мојот агент. Најавуваа и италијански тренер за тимот, Спалети или Алегри, но на крајот ништо не се случи. Пред да дојдам во Лацио често контактирав со раководството на Наполи, но никогаш не се поклопија работите за да потпишам во овој клуб“, открива најдобриот стрелец во Калчо-лигата од штотуку завршената сезона.

Се вчитува...