Импресивна божиќна ноќ за Дончиќ, влезе во историја со 10.000 поени во НБА (ВИДЕО)

Далас го совлада тимот на Феникс со 128-114, во натпревар во кој блескаше словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ кој постигна 50 поени, а притоа запиша и 15 асистенции. Згора на тоа и ја надмина бројката од 10.000 поени во НБА лигата.

Далас ја запиша 18-тата победа во сезоната, а Феникс третиот последователен пораз, или вкупно 15-ти во досегашниот тек на НБА.

Лука Дончиќ го одигра 358 натпревар во кариерата, и стана седми најбрз играч во НБА лигата кој стигна до 10.000 поени. Покрај 50-те поени проив Феникс, Словенецот запиша и шест скока.

НБА, БОЖИЌНИ НАТПРЕВАРИ:

Њујорк – Милвоки 129:122
Денвер – Голден Стејт 120:114
Лејкерси – Бостон 115:126
Мајами – Филаделфија 119:113
Финикс – Далас 114:128

Се вчитува...