Импресивно враќање на Дурант по пауза од два месеци: Меч без ниту еден промашен шут

Кевин Дурант се опорави од повредата на мускулот одигрувајќи одличен повратнички натпревар. Ѕвездата на Бруклин, поради повреда на мускулот не игра од 14. февруари.

Тренерот на Бруклин, Стив Неш му ја лимитираше минутажата па Дурант започна од клупата, но имаше и тоа како свој допринос во високата победа над Њу Орлеанс од 139-111. Во само 18 минути постигна 17 поени, дополнети со седум скока и пет асистенции. Посебно е импресивно што сето тоа го направи без промашен шут – ги погоди сите пет шута (два за три поени) од игра, и исто толку слободни фрлања.

На Бруклин, исто така поради повреда на мускулот, им недостасува Џејмс Харден па на мечот се истакна Ирвинг со 24 поени и шест скока, а ЛаМаркус Олдриџ го одигра најдобриот натпревар од доаѓањето во Бруклин со 22 поени.

Се вчитува...