Тажна вест го зави црно македонскиот спорт денеска откако беше објавено дека долгогодишната борба со тешката болест ја загуби Огњан Циговски.
Станува збор за успешен бизнисмен кој беше актуелен претседател на Скијачката федерација на Македонија, воедно и долгододишен раководител на Скијачкиот центар Маврово.
Тој беше избран за прв човек на македонското скијање во вонредното собрание свикано од дел од клубовите во март 2021 година, по што остана на претседателската функција до самата смрт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
