Македонската кошарка доцна синоќа остана посиромашна за уште едно име кое го одбележа спортот со портокаловата топка во нашата земја откако на 66-годишна возраст почина Анте Дуковски.
Синоним за кошарка, особено во Кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје, каде помина најголем дел од својата играчка, но и тренерска кариера.
Дуковски исто така беше играч на велешки Борец, тренер и на Жито Вардар, извесен период мина и во дресот на Работнички. Откако заврши со играчкиот дел, работеше во клубот од Аеродром. Работеше и со големите тренерски имиња како Лазар Лечиќ, Благоја Георгиевски-Буштур, Ивковиќ, Балетиќ…Потоа долги години и со Александар Петровиќ.
„Колегче“, беше дел и од нашите репрезентативни селекции, дел од македонската Спортска Академија, а смртта го затече како дел од тренерскиот тим на Академија ФМП.
Слава му!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА