ИН МЕМОРИАМ: Ненадејно почина Јованчо Пилешков, познат фудбалски работник

Утрово на 61-годишна возраст, ненадејно почина Јованчо Пилешков, познат спортски фудбалски работник. Во минатото, Пилешков беше фудбалер, фудбалски судија, делегат, а ја извршуваше функцијата секретар на екипите на Кит-Го, а потоа и на Кожуф Гевгелија.

Остави огромна трага во македонскиот фудбал, извршувајќи повеќе фунцкии. Љубителите на фудбалот во Штип велат дека секогаш може да го видите на фудбалско игралиште.  Тој е татко на судијата Димитар Пилешков.

Фудбал играл во ФК Напредок Пехчево, потоа во Брегалница Штип, Брегалница Делчево, Рудар Пробиштип, Јака Радовиш.

Се вчитува...