Ракометна Македонија од вчера остана посиромашна за едно големо име, во 66 година од животот почина Петар Кузманоски „Таста“. Станува збор за најдобриот ракометар на град Прилеп на сите времиња, кој имаше одлична кариера како играч, но и како тренер и претседател на клубот.
Тој настапуваше за екипите на Куманово и на Тутунски комбинат во периодот од 1968 до 1982 година, а со прилепскиот клуб влезе во Втората лига на Југославија, за во 1982 да игра и квалификации за влез во Првата лига.
По завршувањето на играчката кариера Петар Кузманоски беше тренер на женскиот тим на Тутунски комбинат, а потоа имаше и функција како директор на младинската репрезентација на Македонија, на генерацијта што стигна до четвртото место на ЕП во Полска.
Тренерската кариера ја заврши во 2014 година во својот клуб „Таста 107“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА