Индијана го претстави Јокиќ како „професионален тренер на коњи“, Србинот блесна со трипл-дабл (ФОТО)

Никола Јокиќ одигра уште еден фантастичен натпревар во НБА лигата во кој со трипл-дабл учинок од 31 поен, 13 скокови и 10 асистенции, без загубена топка го предводеше својот Денвер до победа на гостувањето кај Индијана од 114-109.

За српскиот центар тоа е десетти трипл-дабл учинок без загубена топка, додека никој друг во историјата на НБА лигата нема повеќе од два такви натпревари.

Интересно, пред да постигне ваков учинок Србинот беше најавен од страна на противникот како „професионален тренер на коњи“ па објавата на социјалната мрежа „Х“ експресно стана вирална.

 

Се вчитува...