Индијана и Њу Орлеанс се првите полуфиналисти во НБА купот (ВИДЕО)

Франшизите на Индијана пејсерс и Њу Орлеанс пеликанс се првите полуфиналисти во првото историско издание на НБА купот. Пејсерс направија големо изненадување откако синоќа славеа на домашен терен против Бостон селтикс со 122-112.

Неверојатна вечер во таборот на победникот имаше Тајрис Халибуртон кој мечот го заврши со трипл-дабл учинок од 26 поени, 13 асистенции и десет скока. Кај поразените недоволни беа 32 поени на Џејсон Тејтум, односно 30 на Џејлен Браун.

Во полуфиналето се пласираше и Њу Орлеанс пеликанс кој славеше на гостувањето кај Сакраменто Кингс со 117-127. Брендом Инграм со 30 поени беше убедливо најдобриот поединец кај победникот, додека кај поразените недоволен беше трипл-дабл учинокот на Домантас Сабонис (26п, 13с. и 10а.).

Вечерва на програмата се вторите две полуфиналиња во кои ќе се сретнат: Милвоки – Њујорк и ЛА Лејкерс – Феникс.

Се вчитува...