Индијана обезбеди големо засилување за вториот дел од сезонава откако беше договорена размена со Торонто репторс со која пејсерси успеаја да дојдат до услугите на Паскал Сиакам.
Крилниот кошаркар е клучен играч во Торонто неколку години наназад, но договорот му истекуваше на крајот од сезонава поради што тимот од Канада беше принуден да разгледува понуди за да добие кошаркари за возврат наместо летово тој да си замине од клубот.
Од неколкуте понуди на маса, челниците на Торонто ја прифатиле онаа на Индијана, која ќе ги испрати Брус Браун и Џордан Нвора меѓу „рептилите“, а канадскиот клуб ќе добие и три избори од првата рунда на драфтот во наредните години.
Сиакам беше член на Торонто од самиот старт на својата професионална кариера, а во осумте досегашни сезони во дресот на овој клуб има просек од 22,2 поени, 6,3 скока и 4,9 асистенции по натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА