Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино им порача на фудбалските фанови да „се опуштат и смират“ пред почетокот на Светското првенство.
Голема тема беа прашањата за имиграцијата со оглед на ситуацијата на Блискиот Исток. Инфантино, зборувајќи во Мексико Сити еден ден пред почетокот на турнирот, решително ја бранеше организацијата, особено по прашањето за цените на билетите и проблемите со визите.
Проблемот се појави кога на сомалискиот судија Омар Артан му беше одбиен влез во земјата на аеродромот во Мајами, за што Инфантино коментираше:
„Ние не живееме на Месечината, туку на планетата Земја. Мораме да го почитуваме фактот дека не сме кралеви на светот кои можат да владеат со влади и полициски сили. Ние сме спортска организација која прави се што може. Важно е понекогаш да се опуштите и смирите. Работиме на се. Понекогаш викањето и вревата не водат до решенија“, изјави Инфантино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
