Инфантино: Не ме интересира некаква Суперлига на Европа

Претседателот на Светската фудбалска федерација, Џани Инфантино изјави дека не го интересира формирањето на Елитна европска суперлига откако некои од најсилните клубови во Европа соопштија дека ќе имаат поддршка од ФИФА.

„Како претседател на ФИФА ме интересира Светското клупско првенство, а не Суперлигата. За мене не е работа кога Баерн Минхен игра против Ливерпул, за мене е работа кога Баерн Минхен игра со Бока Јуниорс. Сакам и фудбалот надвор од Европа да има иднина. Моја визија е да имаме 50 клубови и 50 репрезентации кои можат да станат Светски шампиони“, изјави Инфантино. 

Останува да се види дали најбогатите клубови во Европа ќе успеат да ја истераат работата до крај и да организираат свое натпреварување или и понатаму ќе остане истиот систем како досега во кој Лигата на шампионите е натпреварување број 1 во Европа.

Се вчитува...