Инфантино: Се надевам дека заедно со Трамп ќе го врачам пехарот на новиот шампион

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, изјави дека проширувањето на Светското првенство на 48 репрезентации ги исполни сите очекувања, но наговести дека бројот на учесници би можел да биде уште поголем во иднина.

Првиот човек на светскиот фудбал оцени дека сегашното Светско првенство покажа како поголем број репрезентации придонесуваат за квалитетот и неизвесноста на натпреварувањето.

Инфантино се осврна и на соработката со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, истакнувајќи дека тие се во постојан контакт за време на првенството.

„Претседателот Трамп е среќен и навистина ужива во турнирот. Ги гледа сите натпревари на телевизија бидејќи сè уште не ги посетил стадионите од безбедносни и протоколарни причини“, рече Инфантино.

Се вчитува...