Инфантино се увери во моќта на Катар: Ќе биде феноменален Мундијал

Првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, и покрај пандемијата на коронавирусот отпатува за Катар за да се увери лично како одат работите околу организацијата на следното Светско првенство. Беше гостин на стадионот „Ал Бајт“ каде ќе се одржи отворањето на Мундијалот и ќе биде одигран првиот натпревар на 21 ноември 2022 година.

„Мора да изразам задоволство од прогресот на Катар кога е во прашање инфраструктурата, изградбата на стадионите и се што треба да го поседува државата за организирање на еден мега-настан како Светско првенство во фудбал. И верувам дека се ќе биде во најдобар ред и феноменално изградено затоа што моќта на Катар е импресивна“, изјави Џани Инфантино кој го испроба и фудбалскиот терен на стадионот „Ал Бајт“.

Се вчитува...